Поврзете се со нас

Формула 1

Разочарување за Ф1 фановите: Хас ја заврши соработката со харизматичниот Штајнер

Објавено

на

Формула 1 тимот Хас реши да направи голема промена во своето раководство, а тоа значи дека харизматичниот Гинтер Штајнер во иднина нема да биде тимски шеф и ја напушта организацијата.

Италијанецот технички не е отпуштен, но Хас решил да не му го продолжи договорот и на негово место е поставен поранешниот предводник на инженерскиот тим, Ајао Комацу.

Отказот за Штајнер е разочарување за Ф1 фановите, бидејќи со својата искрена комуникација и чести пцовки стана една од главните ѕвезди на документарниот серијал „Drive to survive“, со кој „Нетфликс“ покри неколку последни сезони од првенството.

Главен проблем за Штајнер е што со актуелниот бизнис и спортски модел, не успеа да ја подобри позицијата на Хас во Ф1 поредокот, па последната сезона неговиот тим заврши на последното место во генералниот пласман.

Сопственикот Џин Хас брзо заборави што Штајнер успеа да обезбеди финансиска стабилност со ангажманот на Мик Шумахер и Никита Мазепин во најтешкиот период за време на пандемијата, а со овој потег веројатно ќе предизвика незадоволство и кај спонзорите кои влегоа поради специфичната харизма на тимскиот шеф, најчесто доволна да го направат поголема ѕвезда и од возачите на Хас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни