Поврзете се со нас

Англија

Рашфорд откри зошто беше санкциониран од Тен Хаг (ВИДЕО)

Објавено

на

Манчестер Јунајтед избори значаен триумф на гостувањето кај Вулверхемптон и тоа со погодокот кој во второто полувреме го постигна Маркус Рашфорд.

Англискиот репрезентативец изненадувачки не се најде во почетната постава на Јунајтед што секако предизвика реакции особено откако менаџерот Ерик Тен Хаг тоа го направил поради дисциплински причини.

Тен Хаг го отстрани Рашфорд од стартната постава поради дисциплински причини, Сколс импресиониран од одлуката

Легендите на Јунајтед како Пол Сколс и Рио Фердинанд ја поздравија оваа одлука на Холанѓанецот кој во вториот дел „попушти“ и го внесе во игра Рашфорд кој потоа возврати со гол за три бода.

Самиот Маркус по натпреварот откри за што се работи, па казната била затоа што се успал и пропуштил состанок на тимот.

-Тоа се правилата на тимот и грешка што може да се случи. Разочаран сум што не играв (од почетокот), но ја разбирам одлуката. Среќен сум што успеавме да го добиеме натпреварот, -рече Рашфорд.

Менаџерот Тен Хаг беше задоволен од реакцијата на напаѓачот.

-Тој беше жив, свеж, даде гол и тоа е вистинска реакција. Сите мора да ги почитуваат правилата и ако вака реагираше тоа е вистински одговор, -порача стратегот кој имаше прегратка со Маркус по дуелот со „волците“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни