Поврзете се со нас

Европски купови

Работнички со трет пораз ги заврши настапите во квалификациите на Еврокупот

Објавено

на

Уште по вториот пораз од Сабах стана јасно дека Работнички нема шанси за пласман во наредната фаза од квалификациите за ФИБА Европкупот, но вечерва со третиот пораз, македонскиот претставник и дефинитивно ги заврши своите настапи во својата мини европска авантура.

Тимот од Градски парк денеска беше доста блиску до прекинување на лошата серија и освојување на третото место во групата, но на крајот загуби од Гронинген и со максимални три порази го завршува овој квалификациски турнир.

По добриот старт, Работнички повторно му дозволи на ривалот да го диктира темпото, а во такви услови Гронинген стигна до плус 12 и тоа беше клучно за денешниот пораз.

Македонскиот тим не се откажа и во четвртиот перидо дојде на само минус три, но фактот што постојано бркаше резултат им одеше во прилог на Холанѓаните, кои беа посвежи и полуцидни во одлучувачките мменти.

Гронинген победи со 65:62 и го освои третото место во групата, па јасно е дека Работнички ќе сакаа овој европски излет да го заборави што поскоро.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни