Поврзете се со нас

Англија

Постекоглу им испрати порака на навивачите на Тотенхем по новата победа во Премиер лигата

Објавено

на

Foto:twitter.com/SpursOfficial

Анге Постекоглу прави чуда со Тотенхем на стартот на сезоната и „петлите“ остануваат непоразени и по десет комплетирани рунди, фаза во која тимот од Северен Лондо запиша осум победи и две реми средби.

Тотенхем вчера го отвори новото коло со триумф од 1:2 на гостувањето кај Кристал Палас и врза четврта победа во низа, па пред натпреварите на ривалите, отиде на чисти плус пет бода на врвот на табелата.

Првото место за „петлите“ е изненадување и за најголемите оптимисти меѓу фановите, но менаџерот Постекоглу сега испрати порака до сите фанови кои сонуваат за трофејот во Премиер лигата.

– Да им дозволиме на фановите да сонуваат. Тоа е целта во фудбалот, да им дозволите на фановите да сонуваат. За нас најважно во овој момент е што им приредуваме забава и среќа на нашите навивачи.

– Фудбалските клубови имаат за цел да ги радуваат навивачите, а соништата траат се додека некој не ве разбуди. Ќе видиме како ќе заврши нашиот сон, – изјави Постекоглу.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни