Поврзете се со нас

Конференциска лига

Поранешен холандски селектор го понижи Зрињски на полувреме, па си доби заслужен сеир од фановите

Објавено

на

АЗ Алкмар водеше со 3:0 на гостувањето кај Зрињски во рамките на групната фаза на Конференциската лига, а тоа дополнително го охрабри во изјавите и онака арогантниот Дик Адвокат.

Поранешниот холандски селектор и тренер на многу познати клубови бил во улога на стручен коментатор на овој натпревар, а на полувремето го понижил претставникот на БиХ со својата изјава.

– Не ми се верува дека на вакви екипи воопшто им е дозволено да играат во европските купови, – рекол Адвокат, надополнувајќи ја својата изјава со дополнителни критики за Зрињски.

Во вториот дел во Мостар се случи чудо, па АЗ доживеа нокаут со четири примени погодоци, по што фановите не чекаа премногу за да му фатат сеир на Адвокат, кој не е премногу омилен и во холандската фудбалска јавност.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни