Поврзете се со нас

Франција

Покетино пред кам-бек во Лига 1, ќе го води клубот на тренерот кој го замени во ПСЖ

Објавено

на

Маурисио Покетино се раздели со Пари Сен Жермен по крајот на минатата сезона, а најголема причина за тоа беше неуспехот во Лигата на шампионите.

„Светците“ не му ја простија елиминацијата од Реал Мадрид и се разделија со Аргентинецот кој интересно сега може да направи кам-бек во Лига 1. Медиумите најавуваат дека Покетино ќе седне да преговара да ја преземе Ница, тим кој сезонава игра под нивото и е на 13 место во Франција, а не блеска и во Конферециската лига каде освои два бода по првите два натпревари.

Ова е премалку за тим кој ги има Данте, Пепе, Шмајхел, Тодибо, Турам, Баркли, Рамзи…па поради тоа тренерот Лусиен Фавр е под притисок, притисок кој може да резултатира со негов отказ.

Тоа испразнето место би можело да биде пополнето со Покетино што би било изненадување и воедно интересен потег.

Имено човекот кој лани ја водеше Ница, Кристоф Галтие сега е на клупата на ПСЖ, а пак Покетино кој до „вчера“ ги тренираше Нејмар, Меси, Мбапе и компанија може да го преземе тимот кој минатата сезона играше во финалето на Купот на Франција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни