Поврзете се со нас

Англија

Пикфорд киксираше на „Вембли“, Тилеманс го „прошета“ на гол-линијата (Видео)

Објавено

на

Англиската фудбалска јавност со сериозно внимание ги следи подготвителните натпревари на репрезентацијата на неколку месеци пред Европското првенство, пред се што селекторот Герет Саутгејт ќе нема уште многу време пред да ги одреди патниците за турнирот во Германија.

Денеска, Англичаните играат уште едно дерби против Белгија, а истото започна со шок за домашните фанови.

Џордан Пикфорд направи голем кикс, додавајќи му ја топката на Андре Онана, а откако таа стигна кај Јури Тилеманс, играчот на Астон Вила реализираше испраќајќи го англискиот голман на спротивната страна.

Малку подоцна, Ајван Тони израмни од пенал, но тоа не ги спречи фановите да испорачаат многу критики за Пикфорд на социјалните мрежи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни