Поврзете се со нас

Македонија

Пеколен натпревар во женското кошаркарско финале: Баскет Кам остана во игра по трилер победата против Бадел

Објавено

на

Кошаркарките на Баскет Кам се вратија во игра во финалното доигрување од женската Кошаркарска лига во Македонија откако вечерва го совладаа тимот на Бадел со 74:73 на гостински терен.

Баскет Кам подобро го отвори натпреварот и имаше предност по првата четвртина која ја добија со 21:18.

Во следните две четвртини домаќинките заиграа подобро и ја свртија предноста кон себе поведувајќи со 54:51 пред финалните десет минути.

Тогаш се случуваше вистинска драма на теренот во Кисела Вода и натпреварот замина во крајно неизвесна завршница за на крај на семафорот да стои нерешен резултат (63:63).

Во продолженијата Баскет Кам на крајот го скршија отпорот на домаќинките и го  добија натпреварот с о 74:73, а кошот за победа го постигна Алексиќ која беше прецизна од линијата за три поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни