Поврзете се со нас

Шпанија

Папу Гомез дебитираше со атрактивен гол, Севилја стравува за повредата на Окампос (Видео)

Објавено

на

Севилја го победи Хетафе со убедливи 3:0, но ќе стравува за повредата на Лукас Окампос, кој беше изнесен на носилки на почетокот на второто полувреме.

Окампос настрада по еден невнимателен старт на Даконам во 54. минута, по што фудбалерот на Хетафе заработи црвен картон, а Севилја ја презема иницијативата.

Таа беше претворена во гол преку Ел Хадади во 67. минута, за нешто подоцна шанса за деби во Ла Лига да добие и Папу Гомез, кој во 87. минута постигна атрактивен гол, иако со помош на еден од дефанзивците на гостинската екипа.

Ен Несири до крајот ги постави конечните 3:0, а натпреварот беше одбележан и со исклучувањето на двајцата тренери, кои влегоа во жесток конфликт во моментите кога Окампос со солзи во очите беше изнесен од теренот.

Севилја стигна до 42 бодови, еден помалку од Реал Мадрид и два повеќе од Барселона, која има натпревар помалку.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни