Поврзете се со нас

Свет

Одлично издание на репрезентативецот: Николов го одигра најдобриот меч во Турција

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Кристијан Николов го одигра најдобриот меч во оваа сезона во Турција во дресот на Капаклиспор.

На денешното соочување против ОГМ Орманспор, плејмејкерот блесна и уфрли 23 поени (2/3 за еден, 3/5 за два, 5/9 за три) со 2 скока и 7 асистенции, меѓутоа и овој негов учинок не беше доволен за гостите да остварат позитивен резултат на оваа пресметка (97:86).

Кристијан на скоро секој натпревар е двоцифрен, меѓутоа оваа партија против Орманспор беше најквалитетна кога се работи за постигнатите поени и доделените асистенции.

Со учинок 13-16 составот на Капаклиспор е на осмото место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни