Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Неуморниот играч на Баерн: Беше забавно да се види Меси во вакво издание! (Видео)

Објавено

на

Офанзивната игра на Баерн Минхен измината вечер беше перфектна во секој поглед, а најдобра илустрација за тоа се осумте гола кои ги постигна баварскиот гигант во мрежата на Барселона.

Баерн Минхен и нанесе историско понижување на Барса во Лигата на шампоионите и ја декласираше со 8:2 во четвртфиналето во Лисабон, но наспроти страшната игра во нападот, мора да се потенцира дека германскиот тим комплетно ја доби битката и во средниот ред.

Иако Шпанците започнаа со четири везни фудбалери за да имаат контрола, Тиаго Алкантара и Леон Горецка царуваа на овој дел од теренот, а овој вториот даде и брутален коментар по крајот на мечот кога беше запрашан за тажната слика кога е во прашање Меси.

Неуморниот играч за врска претрча многу километри на синоќешниот меч, по кој нагласи дека уживал да го гледа Лео во немоќно издание.

Новинарот: Со оглед на твојата возраст, има големи шанси Меси да бил твој идол во минатото. Дали боли да се види во вакво издание?

Горецка: Не, не ме болеше. Си поминав одлично, беше дури забавно, – ладнокрвно одговори Горецка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни