СЕХА лига
Недановски: Oва не е вистинската слика за Вардар!

Тимот на Вардар дојде до првото славје во новата сезона во СЕХА лигата и тоа против составот на Партизан кого го совлада во СЦ „Јане Сандански“ со 31-26.
Ова беше средба во која „црвено-црните“ се прикажаа во многу подобро светло од пресметката со Татран Прешов, но според тренерот Владо Недановски истата не е вистинската слика за Вардар, поточно очекува овој состав дополнително да заблеска во продолжението од кампањата.
-Ова беше возбудлив меч во кој навивачите можеа да уживаат. Партизан има добар, млад ростер способен да игра модерен, брз ракомет. Кога станува збор за нас, заморот од Светското првенство сè уште е видлив и сигурен сум дека ова не е вистинската слика за Вардар.
-Чувствувам дека искуството и квалитетот на нашите играчи го одлучија овој меч. Тоа беше клучот. Уште еднаш ќе кажам дека верувам дека овој тим ќе изгледа многу подобро откако ќе добиеме сè во синхронизација. На крајот, морам да им се заблагодарам на најдобрите навивачи на светот. Тие навистина нè туркаа во клучните моменти во средбата. -порача Недановски.
Следниот натпревар за Вардар е против Татран Прешов на 10 февруари.
-
Германијапред 15 часа
Салихамиџиќ распали по ѕвездите на Баерн, Нагелсман порача: Ако не победиме на дербито, ќе останеме без титула
-
АТПпред 14 часа
Медведев со урнебесен говор ги изнасмеа сите присутни по поразот во финалето (Видео)
-
Шпанијапред 10 часа
Изненадувањето во стартната постава на Чави: Го чекаме Меси во Барса, не го заслужува третманот кој го добива во Париз
-
Италијапред 19 часа
Инѕаги за голот на Јувентус: Не ми се верува дека ова се случува во ерата на ВАР, Интер заслужува респект (Видео)
-
Францијапред 15 часа
Нова серија напади за Лео: Разочараниот Меси немаше време за навивачите на ПСЖ (Видео)
-
Италијапред 17 часа
Мурињо и Лотито режирале циркус во подтрибинскиот простор на „Олимпико“
-
Италијапред 11 часа
Страмачони го нападна Инѕаги: Нема потреба од барање алиби
-
Шпанијапред 13 часа
Карвахал имаше жесток клинч со третиот голман на Барселона по последниот судиски свиреж (Видео)