Поврзете се со нас

Англија

Не е само Силва, Мурињо посакува уште еден фудбалер на ПСЖ

Објавено

на

Во текот на вчерашниот ден англиските медиуми пренесоа информација дека Тотенхем е фаворит за потписот на Тијаго Силва од ПСЖ.

Искусниот стопер веројатно ќе пристигне во Северен Лондон како замена за Тоби Алдервилд и Јан Вертонген кои ќе си одат од клубот како слободни агенти.

Жозе Мурињо не планира да застане тука кога се работи за ангажман на играчи на францускиот шампион.

Имено, „Експрес“ пренесува дека Тотенхем сериозно запнал за ангажман на десниот бек на ПСЖ и белгиски репрезентативец, Томас Мение.

И Мение исто како и Тијаго Силва би пристигнал на „Вајт Харт Лејн“ како слободен играч, а за него интерес има уште и од Интер и од Манчестер Јунајтед.

Тотенхем ќе мора да пазари фудбалери кои нема да ги чинат многу затоа што коронавирусот направи големи финансиски проблеми во овој клуб.

Се верува дека Мурињо токму на ваков начин ќе ги обезбедува трансферите, а доколку некој играч треба да се плати, тој ќе биде донесен со трампа, односно со размена на играчи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни