Поврзете се со нас

НБА

НБА лигата пријави 16 позитивни случаи на коронавирус меѓу играчите

Објавено

на

Никола Јокиќ не беше во можност да отпатува за Америка како што беше предвидено, откако непосредно пред закажаниот лет од Белград, тестирањето покажа дека е позитивен на КОВИД 19.

Оваа вест од Србија пристигна во ситуација кога многу познати тенисери се заразија на „Адрија тур“, период во кој Јокиќ имаше близок контакт со светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ.

Добра вест е што Јокиќ не чувстува никакви симптоми и ќе може да се упати кон Америка кога ќе добие два негативни теста, но во меѓувреме, одговорните луѓе од НБА лигата се соочуваат со доста повеќе позитивни случаи, за кои денеска беше пренесено официјално соопштение.

Од 302 направени тестови над играчите, позитивни излегле 16 НБА ѕвезди, а истите во наредните 14 дена ќе мора да минат карантинска фаза, пред да бидат одново тестирани.

Со овој протокол на тестирање, НБА го започна процесот за рестартот на сезоната во најелитната лига во светот, кој пак е закажан за крајот на месец јули во Орландо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни