Поврзете се со нас

НБА

НБА газдите дадоа зелено светло: Џордан ќе ја комплетира милијардерската продажба

Објавено

на

Мајкл Џордан и официјално ќе го зголеми своето богатство и ќе продолжи со извонредните бизниси по крајот на играчката кариера, откако бордот на директори во НБА лигата дозволи да се реализира продажбата на неговиот Шарлот.

Популарниот Ем-Џеј договори продажба на оваа франшиза уште на среднината на месец јуни, но за да се запазат сите протоколи во Америка, најпрво целата операција мора да мине и низ Бордот во кој гласаат сите сопственици на НБА клубовите.

Во текот на денешниот ден, 29 од 30 газди дале зелено светло за продажбата на Шарлот Хорнетс и истата ќе се реализира во наредниот период, по што Џордан ќе инкасира импозантни 3 милијарди долари.

Тоа е речиси 12-пати повеќе од она што го плати пред 13 години кога го купи Шарлот за сума од 275 милиони долари, што е само уште еден доказ за неговата брилијантна бизнис логистика.

Нови сопственици на Шарлот ќе бидат Гејб Плоткин и Рик Шнел, кои сигурно ќе имаат за цел да оставарат подобри резултати од оние на Хорнетс под водство на Џордан (само три пати играа во плејофот во 13 години).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни