Поврзете се со нас

Лига Европа

Наполи не го искористи голот на Елмас и претрпе пораз од Спартак Москва (Видео)

Објавено

на

Екипата на Наполи претрпе неочекуван пораз од Спартак Москва пред своите гледачи во натпревар од второто коло од групната фаза во Лига Европа.

Наполитанците иако имаа предност на полувремето откако Елмас постигна гол по само 11 секунди игра на крај претрпеа пораз од 3:2.

Спартак Москва ја искористи играчката предност по исклучувањето на Марио Руи и во вториот дел постигна три погодоци по ред за заверување на првата победа во групата. До крајот поразот единствено го ублажи Виктор Осимен.

И Лестер претрпе пораз откако на гостувањето во Варшава кај Легија загуби со минимални 1:0.

Од останатите натпревари, Олимпијакос славеше со убедливи 3:0 на гостувањето кај Фенербахче, додека Ајнтрахт славеше кај Атнверп со 1:0. Сосиедад и Монако ремизираа(1:1), а Спарта Прага го победи Ренџерс со 1:0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни