Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Нагелсман смета дека Баерн ја поштедил Барселона од поголем срам

Објавено

на

Барселона има ужасен биланс со Баерн Минхен на последните четири меча на кои претрпе исто толку порази, но посебно катастрофална е статистиката на последните три.

Баварскиот великан постигна вкупно 14 гола во мрежата на Барселона, а прими два на трите натпревари одиграни од 2020-та година до вчеравечер, па со победата од 3:0 на „Алијанц арена“, Баерн го потврди стопроцентниот ефект во групната фаза во Лигата на шампионите.

Германскиот првак ја победи Барса со 0:3 и на „Камп Ноу“, а ако на оваа анализа се придодадат и историските 8:2 од 2020-та година, станува јасно дека Баерн веќе извесно време е табу тема за фудаблскиот великан од Каталонија.

Чави по мечот призна дека Баерн бил супериорен и на друго ниво за неговиот тим, додека Јулијан Нагелсман смета дека неговиот тим го поштедил противникот од уште посрамен пораз, бидејќи неговите играчи пропуштиле неколку стопроцентни шанси.

– Одработивме перфектна групна фаза во Лигата на шампионите и победивме на сите натпревари. Ако ги анализираме само овие 90 минути против Барселона, ќе кажам дека имавме многу повеќе шанси за гол и можевме да постигнеме уште неколку погодоци во нивната мрежа. Резултатот можеше да биде многу повисок.

– Како и да е, задоволен сум од победата и од квалитетот кој го покажа тимот. Доминиравме против добро познат ривал, нив им требаше победа, но и ние се прашувавме нешто на оваа средба. Во ниту еден момент не бевме релаксирани и стигнавме до тоа што го заслуживме. Ова е Баерн Минхен, наша цел е да ја освоиме титулата во Лигата на шампионите, – порача Нагелсман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни