Поврзете се со нас

АТП

Надал: Починаа 6 милиони луѓе од проклетиот вирус, се надевам дека Ѓоковиќ……

Објавено

на

Австралиските власти и медицинските комисии на Викторија направија исклучок за Новак Ѓоковиќ и го ослободија од задолжителна вакцинација, па така светскиот рекет број еден вчера најави дека патува кон Мелбурн откако добил зелено светло за настап на Австралија Опен.

Иако водечките луѓе на австралискиот тенис и организаторите на првиот грен слем три месеци се закануваа дека нема да настапи ниту еден невакциниран тенисер поради строгите протоколи во округот Викторија, на крајот овие најави пропаднаа во овда бидејќи се направи медицински исклучок за најдобриот светски тенисер.

Двете медицински комисии од Австралија нема да дадат образложение зошто е дадена специјална дозвола за Србинот кои изнел свои причини зошто е невакциниран, но многумина сметаат дека Србинот добил ваков документ само поради тоа што е познат и што светските ѕвезди во спортот добиваат посебен третман.

– До оваа објава, мислев дека Ѓоковиќ ќе се откаже од учеството или ќе се вакцинира пред да тргне за Австралија. На крајот, тој доби дозвола за пристигнување без вакцина, – вели Тони Надал, чичкото на Рафа во својата последна колумна.

– Австралијците велат дека е направена отстапка поради медицинска природа, но никој не кажува каква. Речиси шест милиони луѓе го загубија животот од овој проклет вирус. Сакам да мислам дека тоа го знае и Новак и дека ќе даде некакво објаснување на оваа тема. Би било добро да даде објаснување зошто добил ослободување, инаку ќе се остави простор дека добил посебен третман само поради тоа што е славен. Нема обврска да споделува приватни информации, но треба да биде свесен во каква здравствена криза живееме и колку луѓе патеа и загубија свои блиски, – додава Тони Надал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни