Поврзете се со нас

Европски првенства

Мудрик погоди за нов пресврт, Украина избори место на ЕП во Германија (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/uafukraine

Михајло Мудрик го комплетираше пресвртот на Украина во дуелот со Исланд и ја одведе својата репрезентација на Европското првенство во Германија.

Украинците играа неизвесен бараж дуел со Исланд и исто како и против Босна и Херцеговина, први примија гол, за на крајот да стигнат до пресврт потврден во последните минути.

Гудмундсон во првиот дел постигна атрактивен гол за водство на „рибарите“, а тој резултат беше актуелен до 54. минута, кога Циганков израмни.

Моментот на одлука се чекаше до 84. минута, кога ѕвездата на Челси доби топка на врвот на шеснаесетникот и истата убаво ја пласираше покрај исландскиот голман за конечни 2:1.

Украина на ЕП ќе биде во група со Белгија, Романија и Словачка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни