Поврзете се со нас

Свет

Миовски стрелаше во победата на Абердин (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/bojanmiovskii

Македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски се запиша во листата на стрелци во денешната победа на Абердин над Рос Каунти од 2-1.

Домаќините се изборија за важно славје кое беше најавено токму од Миовски кој ги матираше гостите во 5 минута на асистенција на Хојлет.

Ова за Бојан беше 14 лигашки погодок, прв од 6 февруари кога ја затресе мрежата на Ренџерс.

Абердин со 33 бода се наоѓа на 9. место на табелата во најсилниот шкотски шампионат.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни