Поврзете се со нас

Германија

Милер и Упамекано го тролаа Павловиќ за повредата на незгодно место (Видео)

Објавено

на

Баерн Минхен вчера прв прими гол на дуелот со Дармштад, но на крајот извојува убедлива победа и не дозволи ривалите да се приближат до втората позиција на табелата.

Гостите од Минхен беа расположени по натпреварот во кој постигнаа дури пет гола, а најлошо помина Александар Павловиќ, кој мораше да биде заменет бидејќи заработи повреда по дуел со противнички играч.

Павловиќ доби посебен „сувенир“ на лицето од гостувањето, а на крајот си заработи и сеир од расположените Томас Милер и Дајо Упамекано.

Милер не пропушти да го истрола младиот колега, а му се приклучи и Французинот кој го одбележа проблемот со окото на Павловиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни