Поврзете се со нас

Италија

Милан се откажува од големиот талент кој го купи минатото лето

Објавено

на

foto: twitter.com/acmilan

Раководството на Милан во променет состав работи на трансферите ова лето, а покрај засилувањата, на дневен ред ќе биде и продажбата или разделбата со дел од фудбалерите од првиот тим.

Италијанските медиуми шпекулираат дека Шарл Де Кетелар не успеал да добие преодна оценка од стручниот штаб и менаџментот и поради тоа може да им биде понуден на други клубови уште ова лето.

Белгиецот дојде минатата година како голем потенцијал и еден од најголемите таленти во својата генерација, но не успеа да се наметне со своите настапи и покрај поддршката од тренерот Пиоли и веќе поранешниот директор Паоло Малдини.

Милан плати 35 милиони евра за трансферот на Де Кетелар од Бриж и според „Газета дело Спорт“, летово би прифатил понуда вредна 28 милиони евра за овој фудбалер, со што ќе биде избегната загуба од целиот трансфер.

Белгиецот во цела сезона забележа само една асистенција и не успеа да постигне гол во дресот на „росонерите“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни