Поврзете се со нас

Италија

Милан добива супер подарок ако се пласира во Лигата на шампионите: Одличен напаѓач стигнува на „Сан Сиро“?

Објавено

на

Од таборот на Милан ќе добијат одлично засилување доколку успеат да обезбедат пласман во Лигата на шампионите за следната сезона.

Според проценките и според тоа што досега е прикажано, „росонерите“ не би требало да имаат проблеми да обезбедат место во топ 4 во Серија А и со тоа автоматски да добијат право за настап во Лигата на шампионите.

Откако тоа ќе се случи, техничкиот директор на клубот, Паоло Малдини ќе ги даде сите напори за да го ангажира фудбалерот на Торино, Андреа Белоти.

„Тутоспорт“ пишува дека 28 годишниот напаѓач е голема желба на Милан, а „росонерите“ ќе тргнат по неговиот потпис веднаш штом заврши актуелната сезона.

Самиот Белоти изразил подготвеност да си оди од Торино посебно по слабата сезона оваа година, па Милан ќе има одврзани раце за да го ангажира играчот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни