Поврзете се со нас

Италија

Михајловиќ за дуелот со Гасперини: Ако впери прст во мене, ќе остане без него

Објавено

на

Синиша Михајловиќ денеска влезе во дуел со тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини, а истиот заврши со жолт картон за Србинот и исклучување за домашниот тренер.

Победата на тимот од Бергамо значеше продолжување на успешната серија и приближување на минус шест бодови до првопласираниот, но борбата на теренот беше засенета и од неочекуваниот конфликт меѓу двете клупи.

– Ако Гасперини има проблем со мојата клупа треба да зборува со мене и обратно. Нема да дозволам некој да поминува покрај клупата и да влегува во расправии со моите соработници, тоа е непочитување и навистина ме разлутува, – изјавил Михајловиќ по натпреварот.

– Ваквото однесување ме вади од кожа, не покажувај со прст кон мојата клупа. Ако покажеш со прст кон мене, можеш да останеш без него.

– Со празни трибини слушаме се што се кажува, но јас не одам на противничката клупа да кажувам некому да замолчи. Јас сум одговорен за мојата клупа и ако Гасперини сака да каже нешто, треба да ми каже мене, – продолжил тренерот на Болоња.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни