Поврзете се со нас

Европски купови

Металург со пораз го започна настапот во ЛЕ

Објавено

на

Ракометарите на Металург загубија од Тулуз со 33-29 во првиот меч од групната фаза од Лигата на Европа.

Македонскиот претставник се бореше на оваа средба, пробуваше да го прави противникот во чекор, но францускиот прволигаш беше на едно повисоко ниво и откако се стекна со предноста истата не ја испушти.

Како во првиот така и во вториот дел Тулуз имаше позитива од пет голови во повеќе наврати, негатива од која избраниците на Кастратовиќ не успеваа да се вратат иако даваа се од себе и доаѓаа на „само“ минус два. На крајот плус четири беше за домаќините, најрасположен беше Јакобсен со 9 погодоци.

Кај Металург Поповиќ даде 9 голови, а голманот Дупјачанец имаше десет интервенции.

Клубот од Автокоманда во второто коло е домаќин на Висла Плоцк.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни