Поврзете се со нас

Балкан

Мекиќ со двоцифрено издание во новата победа на Задар

Објавено

на

foto:www.facebook.com/kkzadar

Задар на Адем Мекиќ продолжи со одличните резултати во првата хрватска лига каде ја забележа 22. победа на 24. сезонски натпревар.

Избраниците на Јусуп овојпат беа подобри од Дубрава со 92:69 и тоа во средба во која на фаворитот му беа потребни две добри, супериорни четвртини за да го скриши отпорот на противникот и тоа втората и третата која ги реализираше со 24:12, односно 30:15.

Нашиот репрезентативец Мекиќ беше стартер и за 18 минути на паркетот реализираше 10 поени со 3 скока, 3 асистенции и 1 украдена топка. Прв стрелец беше Јамбровиќ со 20 кошеви.

Следно за Задар е соочувањето со Цедевита Олимпија во АБА лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни