Поврзете се со нас

Англија

Медиумите од Островот пренесоа две трансфер вести поврзани со Манчестер Јунајтед од кои едната е изненадувачка

Објавено

на

Манчестер Јунајтед ќе биде еден од малкуте клубови на кои нема да им пречи финансиската криза предизвикана од коронавирусот и ќе прави трансфери во летниот преоден рок.

Примарна трансфер цел на „црвените ѓаволи“ останува Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд кој веројатно ќе пристигне на „Олд Трафорд“ доколку германскиот клуб се согласи да го продаде.

Санчо наводно изразил подготвеност и се согласил да се пресели во Манчестер Јунајтед, па затоа овој трансфер е и тоа како возможен.

Сепак, неколку англиски медиуми како „Дејли Стар“, „Сан“ и „Мирор“ пренесуваат дека „жртвено јагне“ од целата оваа ситуација и евентуалното доаѓање на Санчо во Манчестер ќе биде Даниел Џејмс.

22 годишниот фудбалер беше редовен во тимот предводен од Оле Гунар Солскјер, меѓутоа со доаѓањето на Санчо ќе стане прекуброен во тимот, па ќе биде испратен на позајмица во некој од другите клубови од Премиер лигата. Пред тоа, ќе добие нов подобрен договор како награда за одличните настапи оваа сезона.

Солскјер наводно преферирал во тимот повеќе шанса следната година да му дава на младиот Мејсон Гринвуд кој исто така беше одличен оваа сезона.

Во другата трансфер вест поврзана со Јунајтед која ја пренесе „Сандеј Тајмс“ се пишува дека „ѓаволите“ сега се фаворити за ангажман на играчот од средниот ред на Ајакс, Дони Ван де Бек.

Ајакс ќе ја намали цената за Ван де Бек на околу 40 милиони евра, сума која е прифатлива за Јунајтед и која клубот ќе се согласи да ја плати.

За Холанѓанецот има интерес и од Реал Мадрид кој сепак своето внимание ќе го насочи кон младиот фудбалер на Рен, Едуард Камавинга.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни