Поврзете се со нас

Франција

Мбапе: Кога ќе имам нешто да соопштам, тоа ќе го направам како маж

Објавено

на

foto:twitter.com/PSG_English

Килијан Мбапе морал да се соочи со новинарите пред настапот за француската репрезентација, а тоа му донело и неизбежно прашање околу статусот во ПСЖ, односно најавеното напуштање на францускиот првак.

Мбапе е поврзуван со трансфер во Реал Мадрид, но тој и овојпат дипломатски одговорил на незгодните прашања и не открил ништо за иднината.

– Се уште не сум објавил ништо, затоа што немам ништо за објавување.

– Секогаш велев дека денот кога ќе имам што да кажам, ќе го направам тоа како маж. Додека тоа не се случи, немам што да ви соопштам.

– Не се кријам и не се плашам да зборувам, извинете што ве разочарав, – изјавил Мбапе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни