Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Мбапе го матираше Сосиедад и предизвика прекин на натпреварот (Видео)

Објавено

на

foto:twitter.com/PSG_English

Килијан Мбапе и вечерва има свое шоу во дресот на ПСЖ и со нови голови го заверува пласманот на неговиот тим во следната рунда на Лигата на шампионите.

Иако целата фудбалска јавност смета дека ова е последна сезона на Французинот во парискиот клуб, тоа не го спречува Мбапе да ужива на теренот и вечерва да ја полни мрежата на Реал Сосиедад.

Мбапе го отвори резултатот на „Аноета“ уште во 15. минута и тоа со страшен удар за кој домашниот голман немаше одговор.

За тоа дека Ремиро имал тешка задача покажува и фактот што Мбапе со ударот ја откачи мрежата од едниот дирек, па предизвика прекин во кој домаќините мораа да ја вратат мрежата на потребната позиција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни