Поврзете се со нас

Свет

„Марка“: Готово е, Роналдо ќе заработува речиси три пати повеќе од Меси! (Фото)

Објавено

на

Угледната „Марка“ уште минатата седмица ја пренесе ексклузивната вест дека Кристијано Роналдо е пред договор со Ал Наср, но денеска излезе со свое надополнување и се повика на сигурни извори за да соопшти дека работата е завршена.

Најтиражниот шпански спортски весник ова поладне излезе со втора вест за мега договорот меѓу Португалецот и клубот од Саудиска Арабија, кој според нивните информации ќе стане важечки од 1-ви јануари 2023-та година.

„Марка“ обелоденува дека станува збор за договор во времетрање од две ипол години, а сумата која ќе ја заработи Роналдо е навистина неверојатна и нестварна.

Само за споредба, Лионел Меси во ПСЖ во моментов добива околу 70 милиони евра на годишно ниво со спонзорските договори, а Кристијано во Саудиска Арабија ќе добива речиси три пати повеќе, бидејќи годишно ќе инкасира по 200 милиони евра.

За Роналдо ова ќе биде прво искуство надвор од европскиот континент, а тренер во Ал Наср ќе му биде Руди Гарија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни