Поврзете се со нас

Македонија

Малешевиќ ќе го носи дресот на Работнички и во наредната сезона

Објавено

на

Искусниот српски интернациналец, Никола Малешевиќ и во наредната сезона ќе биде дел од екипата на Работнички.

Малешевиќ дојде во „Градски Парк“ во текот на минатата кампања и тоа откако ја заврши соработката со хрватска Цибона. Тој имаше добри партии во дресот на центарци, одигра 21 меч со просек од 16.0 поени, 5.5 скокови и 2.2 асистенции што беше доволно да добие продолжување на соработката и за натпреварувачката 2023/2024.

Србинот добро ја познава нашата кошарка затоа што претходно настапуваше и за Пелистер, а во досегашната кариера може да се пофали и со настапи во Полска, Босна и Херцеговина, Романија и Србија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни