Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Малдини: Среќни сме со групата, ама секогаш има опасности

Објавено

на

Италијанскиот првак Милан денеска ги доби ривалите за групната фаза во Лигата на шампионите, односно се најде во групата Ц заедно со премиерлигашот Челси, австриски Салцбург и Динамо Загреб на нашите репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми.

Директорот на „росонерите“, Паоло Малдини е задоволен од ждрепката и очекува момците на Пиоло да го потврдат квалитетот, но и улогата на прв носител во ова друштво.

-Ова е група која не гледа како први носители, така што на хартија може да изгледа помалку тешко во споредба со минатата сезона. Секогаш ќе има опасности. Салцбург е силен тим со кој можеби нема голема историја, но е тешко да се игра, додека со Динамо Загреб се соочивме пред неколку години во прелиминарната рунда.

-Фаворити се Милан и Челси. Добро е да имате силен тим во групата со вас, бидејќи тоа може да ги направи квалификациите малку поедноставни. На хартија задоволни сме од групата, -рече Малдини и додаде:

-Целта е да се подобриме и да завршиме на првите две позиции. Тоа очигледно е лесно да се каже и помалку да се постигне, ќе видиме дали тоа го заслужуваме  на теренот. Она што ни е важно, како клуб, тим и навивачи, да продолжиме да ја креваме границата и да се натпреваруваме за нешто поголемо. Колку повеќе го правиме тоа, толку повеќе ја зголемуваме видливоста на брендот, приходот од спонзорите, а со тоа и квалитетот на играчите, -порача легендата на „росонерите“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни