Автомобили
Макпетрол ги израдува потрошувачите, гасот ќе поевтини!

Најголемата компанија за тргување со енергенси во Македонија, „Макпетрол“ АД Скопје, денеска преку соопштение за јавноста информираше дека ќе има намалување на цената на природниот гас во месец октомври.
– Согласно договорот помеѓу „Макпетрол“ АД Скопје и „Гаспром експорт“, како и движењето на цената на природниот гас на светските берзи, „Макпетрол“ АД Скопје ги известува своите потрошувачи и пошироката јавност дека цената на природниот гас за месец октомври ќе се намали за околу 200 евра за 1000 нормални метри кубни, во однос на цената за месец септември оваа година,- се вели во соопштението.
Дополнително, ќе биде корегирана и цената на метанот што се користи како погонско гориво кај автомобилите.
– Воедно, сакаме да информираме дека малопродажната цена на погонското гориво за моторни возила, Метан (CNG), се намалува за 20 денари за килограм, односно ќе изнесува 184 денари за килограм,- известуваат од компанијата.
Ова е одлична вест за потрошувачите кои користат природен гас, особено што доаѓа во пресрет на зимата кога побарувачката е поголема.
-
АТПпред 19 часа
Вимблдон ја повлече забраната за тенисерите од Русија и Белорусија
-
Италијапред 16 часа
Палјука му предлага на Интер да го продаде Онана и да ангажира конкретна замена
-
Англијапред 18 часа
Гвардиола за настапот на Халанд против Ливерпул: Животот носи ризици…
-
Англијапред 17 часа
Паратичи се повлече од функцијата во Тотенхем
-
Германијапред 21 час
Тухел за начинот на кој добил отказ од Челси: Тоа беше шок!
-
АТПпред 5 часа
Синер му се реваншираше на Алкарас и го врати Ѓоковиќ на врвот
-
Италијапред 19 часа
Инѕаги отпиша тројца играчи за утрешното дерби, но е среќен поради формата на Лукаку
-
Шпанијапред 18 часа
Реал Мадрид потврди нова повреда на својот најмалерозен фудбалер