Европски првенства
Македонија доби група по мерка во квалификациите за ЕП

Македонската ракометна репрезентација е дел од секој голем настан со години наназад, а избраниците на Кирил Лазаров ќе се обидат да продолжат со убавата традиција и на Европското првенство во 2026-та година.
Данска, Шведска и Норвешка се скандинавски земји кои ќе бидат домаќини на споменатиот шампионат, па денеска во Копенхаген се извлече ждрепката за изгледот на групите во квалификацискиот циклус.
Македонија доби група по мерка и ждребот после долго време ни беше наклонет, бидејќи освен Словенија, во нашата група се најдоа и Литванија и Естонија.
Литванија и Естонија се репрезентации кои се аутсајдери на хартија, па тоа прави Македонија да има огромни шанси за уште еден пласман на континентален собир.
Словенците се главни фаворити за првото место во нашата група, но Македонија во минатото има покажано дека може да се носи со оваа селекција, па тоа сигурно ќе биде најголемиот предизвик за избраниците на Лазаров.
Директен пласман на Европското првенство ќе обезбедет најдобрите две селекции од секоја група, како и четирите најдобро третопласирани.
Група 1: Словенија , МАКЕДОНИЈА , Литванија , Естонија
Група 2: Црна Гора, Словачка , Финска
Група 3: Унгарија, Исланд, Грција, БиХ , Грузија
Група 4: Шпанија, Србија , Италија , Летонија
Група 5: Хрватска, Чешка, Белгија , Луксембург
Група 6: Холандија , Фарски Острови, Украина, Косово
Група 7: Германија, Австрија, Швајцарија, Турција
Група 8: Португалија, Полска, Романија, Израел
-
Англија17 часа
Рашфорд и Асенсио дебитираа, Астон Вила преку Тотенхем до осминафинале во ФА Купот (ВИДЕО)
-
Англија22 часа
Фудбалер на Борнмут ги воодушеви фановите со начинот на кој изведе пенал (Видео)
-
Шпанија14 часа
Барселона ја разби Севилја и се врати во трка за титулата (ВИДЕО)
-
НБА22 часа
Татко на НБА ѕвезда исфрлен од арената на барање на судиите (Видео)
-
Свет23 часа
Олимпија Милано со два збора ги опиша движењата на Димитријевиќ: Класа и елеганција (Видео)
-
Англија22 часа
Мареска искрен за играч кој замина на заем: Не ни недостасува во тимот
-
АБА лига21 час
Голема драма во АБА: Мега искористи напад за победа од една секунда (Видео)
-
Шпанија24 часа
Итуралде: Себалјос требаше да добие црвен картон уште во 25. минута (Видео)