Поврзете се со нас

Репрезентација

Македонија без тројца ракометари на „Кроација Куп“

Објавено

на

Македонската машка ракометна репрезентација отпатува за Хрватска, каде од утре ќе учествува на „Кроација куп“, како генерална проба за претстојното Светско првенство.

Нашите најдобри ракометари ќе одиграат контролни натпревари како последни подготовки за мундијалот, а селекторот Кире Лазаров нема да смета на тројца играчи.

Филип Талески и натаму добива поштеда поради малата повреда со која стручниот штаб нема да ризикува, додека голманот Никола Митревски доби слободни денови поради клупските обврски кои ги имаше изминатиот период.

Цветан Кузманоски е третиот играч кој не отпатува за Пореч поради поголемата конкуренција на својата позиција, но останува во комбинација за настапите на СП.

Македонија утре ќе го почне настапот против Хрватска, а потоа ќе се соочи со Израел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни