Поврзете се со нас

Боречки спортови

Мајк Тајсон најави враќање во рингот, познат и неговиот противник (Видео)

Објавено

на

Боксерската легенда Мајк Тајсон ќе се врати во рингот и тоа за егзебициско соочување со јутјуберот Џек Пол, – објавија денеска промотерите на борбата.

Професионалната кариера на Тајсон заврши во 2005 година, а во 2020 година беше неговиот последен егзибициски настап, за сега да ги вкрсти ракавиците со Пол и тоа во Тексас на стадион на кој ќе присуствуваат најмалку 80.000 гледачи.

Дуелот ќе биде пренесуван во живо на „Нетфликс“, а засега не е познато колку двајцата учесници ќе добијат од атрактивниот ивент кој сигурно ќе предизвика внимание и покрај чудната комбинација.

Од друга страна, Пол победи на девет од неговите десет боксерски настапи, негови жртви најчесто беа поранешни УФЦ борци, а единствениот пораз го забележа од Тајсон Фјури.

Соочувањето на Тајсон и Пол е закажано за на 20. јули.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни