Поврзете се со нас

Англија

Лукаку јавно се извини и им се обрати на фановите на Челси по бурата која ја предизвика

Објавено

на

Респектабилните англиски медиуми информираа дека контроверзното интервју ќе го чини Ромелу Лукаку 600 илјади евра, а непрофесионалниот однос кој го покажа кон својот клуб резултираа и со ново обраќање од негова страна, овојпат за официјалната телевизија на Челси.

Лукаку ја сврте цела англиска јавност против себе со интервјуто во кое порача дека не е среќен во Челси и дека посакува кам-бек во Интер, зборови кои беа интерпретирани на најлош можен начин и кои резултираа со бура критики од експертите и поранешните фудбалери кои беа дел од Премиер лигата.

По неколку разговори, менаџерот Томас Тухел нагласи дека ќе мине низ ова и ќе ја заборави бурата која ја предизвика неговиот најскап напаѓач, кој реши јавно да се извини и да им се обрати на фановите на Челси.

– Ова е до фановите. Се извинувам за разочарувањето кое го предизвикав. Вие знаете каква врска има меѓу мене и клубот од тинејџерските денови. Сфаќам дека сте комплетно разочарани, мое е да ја вратам довербата и ќе се обидам да го направам тоа со посветеност на тренинзите. Им се извинувам и на моите соиграчи, на менаџерот, на бордото на директори, не беше прав момент за вакво нешто.

– Ги сфаќам реакциите, требаше да бидам појасен во пораката, да бидам поискрен. Стануваше збор за интервју во кое им велев збогум на навивачите на Интер. Не сакав да покажам непочитување кон Челси, кон клубот, газдата, соиграчите и менаџерот и неговиот стручен штаб. Сите тие направија голема работа за да ме вратат назад. Ја разбирам фрустрацијата од фановите, но сега е време да се фокусирам и да дадам максимум на секој натпревар, – порачува Лукаку.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни