Поврзете се со нас

Шпанија

Луис Енрике пронајде свој наследник во актуелниот тим на Шпанија: Се надевам дека ќерка ми нема да ми ја откине главата

Објавено

на

Луис Енрике стана стриминг сензација во Шпанија и го одработи своето второ обраќање на Твич во последните 24 часа, па по вчерашните интересни коментари кои ги даде пред јавноста и фудаблските фанови кои го следеа во живо, денеска следеше нова сесија од шпанскиот селектор.

Популарниот „Лучо“ охрабри многу колеги да го прифатат модерното време и да му се приклучат на Твич со онлајн обраќања кои личат на прес-конференции, а ако вчера беше насочен на историјата и го посочи Давид Вилја како најдобар фудбалер кој некогаш заиграл за шпанската селекција, сега се осврна на актуелниот тим.

Луис Енрике пронајде свој наследник во тимот кој тој го избра за Светското првенство, но за време на онлајн сесијата која траеше 45 минути, го посочи и Луи Ван Гал како најважниот тренер кој го имал во кариерата.

– Ако за Дел Боске негов наследник на теренот беше Серхио Бускетс, за мене тоа е Феран Торес. Феран Торес е мојот наслендик на теренот, го велам ова со страв дека мојата ќерка може да ми ја откине главата, – низ смеа порача Енрике (неговата постара ќерка е во љубовна врска со ѕвездата на Барса).

– Тренерот кој најмногу ја одбележа мојата кариера Луи Ван Гал. Во овој момент е селектор на Холандија. Тој беше стриктен и строг, многу специјален, оригинален и истовремено многу чувствителен, – порача Лучо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни