Поврзете се со нас

Англија

„Лошото момче“ Коста се врати во Премиер лигата на уникатен начин: Со ланци во рацете и волци пред себе! (Видео)

Објавено

на

Иако имаше административни проблеми и првично не доби виза, Диего Коста ги надмина овие непријатности и по ургирање на Вулверхемптон на крајот слета во Англија, а денеска и официјално стави потпис на договор до крајот на актуелната натпреварувачка сезона.

„Лошото момче“ Коста и дефинитивно се враќа во англиската фудбалска елита и беше промовиран од Вулверхемптон на уникатен и оригинален начин, бидејќи на претставувањето е прикажан со ланци во рацете и неколку волци кои се обидува да ги додржи.

Коста веќе е нов член на „волците“ и доаѓа како директна замена за повредениот Калајџиќ, а тој е убеден дека ќе има лесна адаптација бидејќи во тимот има многу Португалци.

– Клубот инсистираше на мој потпис и тоа што има многу Португалци во тимот ќе ја направи адаптацијата уште полесна. Да бидам искрен, ова не беше идеално пристигнување поради тоа што се случува поради повреда на фудбалер, но сепак тренерот Лаге ме натера да дојдам тука.

– Исто така, посебен мотив ми е и Премиер лигата. Без оглед на тоа што се остварив во Мадрид, Премиер лигата буди нешто посебно во мене, некој жар во мене. Премиер лигата е најдобра лигиа во светот и затоа се вратив тука, – изјави Коста.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни