Поврзете се со нас

Свет

Љуљ даде луда тројка од половина терен, Барселона го сруши големиот ривал среде Мадрид (ВИДЕО)

Објавено

на

Кошаркарите на Барселона славеше над Реал Мадрид со 87-78 во првото сезонско лигашко дерби во АЦБ лигата.

Каталонците постојано беа чекор, два пред лутиот ривал од шпанската престолнина и сосема заслужено се израдуваа на овој триумф кој за нив беше 11. во шампионатот со што сега имаат идентичен учинок на табелата со „кралевите“ (11-3).

Лапровитола со 19 и Хигинс со 18 кошеви беа први стрелци кај победникот, кај поразените Јабуселе и Муса иксомбинираа 28 кошеви.

Што се однесува до потегот на натпреварот истиот беше дело на Серхио Љуљ кој во самата завршница на втората четвртина даде тројка од половина терен во негов стил, тројка за ерупција на публиката.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни