Поврзете се со нас

Англија

Лидс доби одговор на жалбата за црвениот картон на фудбалерот кој му нанесе тешка повреда на Елиот од Ливерпул

Објавено

на

Многу фудбалски фанови сметаа дека е несоодветно Лидс Јунајтед да се жали на суспензијата на Паскал Струијк, пред се поради фактот што жртвата на неговиот старт, Харви Елиот од Ливерпул заработи тешка повреда на зглобот и го очекува долга пауза.

Струијк е суспендиран на три натпревари, но Лидс со објаснување дека фудбалерот немал намера да предизвика таква повреда и стартувал на топка, се обиде да ја промени одлуката на дисциплинската комисија.

Лигата не ја прифатила жалбата, па Струијк оди на принудна пауза, како последица на невнимателниот старт при кој ја собра едната нога на Елиот и го испрати фудбалерот на Ливерпул на оперативен зафат во болница.

Лидс потврди дека нивниот фудбалер нема да настапи на натпреварите против Њукасл, Фулам и Вест Хем, од кои вториот е во рамките на Лига купот.

Ливерпул пак вчера информираше дека оперативниот зафат над Елиот бил успешен и тој започнува со процесот на рехабилитација.

Хорор на „Еланд Роуд“: Струијк му ја скрши ногата на младиот Елиот (Видео)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни