Поврзете се со нас

Англија

Хорор на „Еланд Роуд“: Струијк му ја скрши ногата на младиот Елиот (Видео)

Објавено

на

Ливерпул е блиску до освојување на трите бода против Лидс Јунајтед поради водството од 0:2, но Јирген Клоп и сите играчи на гостите од „Енфилд“ нема по добро да го паметат денешниот меч.

Причина за тоа е хорор сцената која ја видовме во 60-та минута од средбата, кога младиот Харви Елиот беше соборен од Струијк и притоа му се скрши ногата.

Играчот на Лидс стартуваше навистина грубо од зад грб и му нанесе огромна штета на младиот 18-годишен фудбалер, нешто што веднаш го забележаа Мо Салах и докторите на Ливерпул. Египќанецот панично почна да вика по докторите кога виде дека ногата на Елиот е скршена, по што судијата Посон му покажа црвен картон на Струијк.

Инаку, Холанѓанецот од Лидс влезе во игра во 34-та минута заменувајќи го Љоренте, а неполни 30 минути подоцна, беше режисер на најлошиот потег кој ги фрли во втор план двата постигнати гола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни