Поврзете се со нас

Репрезентација

Лазаров: Имаме свој идентитет во играта, Македонија може да стане Норвешка!

Објавено

на

Остануваат само уште неколку дена до настапот на Светското првенство на кое Македонија во првата фаза ќе игра во групата Ф каде ќе ги одмериме силите со Холандија, Норвешка и Аргентина.

Првиот меч ни е на 13 јануари, а пред патувањето за Полска националниот тим предводен од селекторот Кирил Лазаров оддржа пресконференција на која беа искажани очекувањата пред овој нов голем настан за репрезентацијата.

-Пред нас е СП, имавме четири контролни натпревари со квалитетни ривали на кои имавме можност да ја темпираме формата. Вложивме многу труд, ентузијазам и борба за да дојде до овој Мундијал, бидејќи во меѓувреме направивме смена на генерација. Потребна им е поддшка на овие момци, успеавме да минеме два баражи против Романија и Чешка, дадовме шанса за оваа генерација да продолжи по стапките на нас повозрасните. Тие заслужуваат пофалба за остварените резултати, но и воедно треба да им се даде охрабрување за предизвиците што се пред нив во Полска, -истакна Лазаров кој верува дека за брзо време Македонија може игра ракомет како Норвешка.

-Во првото коло играме со нив, верувам дека за брзо време, Македонија ќе стане Норвешка. Тоа е селекција која се бори за медали. Ние имаме свој идентитет во играта, што е тешко бидејќи низ годините игравме бавен ракомет и тоа беше наш заштитен знак. Не знам дали тоа ќе биде доволно за да се победува или да се губи, но верувам дека сме на вистинскиот пат, -порача предводникот на македнската селекција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни