Поврзете се со нас

Македонија

„Лавовите“ се збогуваа со уште еден член од првиот тим: Дојде како дете, си одиш како маж (Фото)

Објавено

на

Foto:facebook.com/fkmakedonijagp1932

Освојувачот на македонскиот куп си обезбеди место во квалификациите на Конференциската лига, но откако Македонија Ѓорче Петров го дозна ривалот во првата и потенцијалниот во втората рунда, денеска објави вест за уште една разделба.

Напоредно со подготовките за евро-предизвиците, „лавовите“ работат и на кроење на тимот за следната натпреварувачка сезона, во која дел од тимот нема да биде Стефан Тасев.

Младиот чувар на мрежата си заминува од Ѓорче Петров после три години минати во клубот, со кој всушност го потпиша и првиот професионален договор кога се уште беше тинејџер.

Тасев сега има 18-години и негова цел е да добива што поголема минутажа, па поради тоа реши среќата да си ја бара на друго место, каде ќе оди како слободен агент.

– Дојде како дете, a си заминуваш како маж со прволигашко искуство и две титули. Ти благодаримe за се Стефан и со среќа во понатомошната кариера, – објавија „лавовите“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни