Поврзете се со нас

Италија

Лаутаро за моќниот спринт на Лукаку: Морам да почнам порано со трчање за да останам во чекор со Ромелу (Видео)

Објавено

на

Ромелу Лукаку беше прво име на дерби пресметката која се одигра во Милано изминатава вечер, бидејќи во победата од 3:1 која ја оствари Интер, запиша два гола, а ја изработи и спектакуларната акција пред да му додаде на Лаутаро Мартинез кој ја имаше најлесната задача на теренот.

Интер го победи Лацио со 3:1 на крилјата на својот најдобар голгетер и го презема врвот во Серија А, и тоа на една седмица пред големото градско дерби против Милан кое е на програмата наредниот викенд.

Саботниот кикс на Милан против Специја му остави простор на Интер да се искачи на врвот, а расположениот Лукаку беше нерешлива енигма за гостите од Рим, чија немоќ најдобро ја отсликува акцијата за третиот гол во која Ромелу трчаше од својата половина, по што со голема леснотија го мина Пароло пред да додаде до Мартинез кој ги постави конечните 3:1.

– Ромелу работи толку напорно за тимот и тој е фантастичен тимски играч. Поради неговата страшна брзина, понекогаш морам да ги предвидам акциите и порано да почнам со трчање за да останам во чекор со него, за да успеам да ја допратам контрата, – порача Лаутаро за фантастичниот спринт на Лукаку и додаде.

– Во последно време се чувствував изморено, но сега работев на рекуперацијата на тренинзите и се чувствувам многу добро. Му стојам на располагање на тренерот за секој предизвик. Среќни сме што се искачивме на врвот, но како што порача нашиот тренер, ова треба да биде само наш почеток до крајот на сезоната, – додаде Аргентинецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни