Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Лам: Меси беше беспомошен и очаен, ПСЖ…

Објавено

на

foto: www.si.com/

Пари Сен Жермен и во оваа сезона доживеа рана елиминација во Лигата на шампионите и тоа во првата нокаут рунда каде налета на германскиот првак Баерн Минхен кој беше подобар во двете средби и славеше со вкупно 3-0.

„Светците“ едноставно на овој двомеч не делуваа како тим кој може да го исфрли Баерн и со тоа да испрати јасна порака дека токму оваа сезона докрај ќе се бори за трофејот, односно сега ќе мора да побара некоја друга прилика, шанса да се оствари долгодишниот сон.

Во кој правец ќе се движи проектот на ПСЖ останува да видиме, сега има критики, прозивки, а своја анализа околу двобојот направи и Филип Лам кој преку „Спорт Билд“ порача:

-Меси ја покажа својата екстра класа во некои моменти во Минхен. Ама неговата вештина се користи без намера, цел и правец. Поединците во ПСЖ едноставно не знаат како заедно да постигнат гол и како да придонесат за тоа. Меси беше беспомошен и очаен. Мбапе пак чекаше само топката да му падне на нозе (во Минхен). Немам идеја како кариерата на Мбапе треба да цвета во Париз, -рече Лам и додаде:

-ПСG може да ве растажи. Во Минхен не видовме ништо од класата што овој тим треба да ја има заради нивните извонредни играчи.Тие беа тотално разочарување, од една страна. Од друга страна, не беше изненадување, затоа што се случува цело време ПСЖ рано да биде елиминиран од Лигата на шампионите, -порача јасно и директно германската легенда.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни