Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Куртоа: Реал секогаш е фаворит за титулата во ЛШ

Објавено

на

Реал Мадрид утре ќе ја отвори сезоната во Лигата на шампионите и тоа против Шахтјор Доњецк, средба на која „кралевите“ се фаворити и покрај тоа што немаат добар старт на кампањата во Примера.

Меѓутоа ова натпреварување за шпанскиот гигант секогаш е специјално и за тоа говорат 13. освоени титули, па според Тибо Куртоа тие се меѓу фаворитите за освојување на пехарот.

-Сигурен сум дека можеме да ја освоиме ЛШ. Реал Мадрид секогаш е фаворит во ова натпреварување. Јас сум прилично сигурен, уверен сум дека имаме доволно квалитет во тимот за да ја освоиме оваа титула. Мислам дека не сме фаворити број еден, има многу добри тимови, ама дефинитивно сме кандидат за титулата.

-Јуве, Баерн, Барса, има многу добри клубови, тоа е најатрактивното натпреварување во светот и ќе сториме сè што можеме за да ја освоиме титулата, -порача првиот голман на тимот од Мадрид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни