Поврзете се со нас

Свет

Кукуловски втор стрелец против Дукла Прага

Објавено

на

foto:www.facebook.com/HandballBrno

Брно на Дејан Кукуловски не успеа да оствари позитивен резултат на жешкото гостување кај Дукла Прага во првата лига на Чешка.

Дукла Прага тешко губи натпревари на домашен терен пред своите навивачи, па така нова жртва му беше Брно кој беше совладан со 35:26. Во двете полувремиња домашните играчи беа на повисоко ниво, првиот дел го добија со плус пет (17:12) за да потоа дополнително ја зголемат позитивата во вторите 30 минути.

Нашиот Кукуловски беше втор стрелец кај гостите со пет голови зад Вукичевиќ кој имаше седум реализации. Јосеф со шесѕ погодоците го предводеше домаќинот.

Дејан во следното коло ќе му пречека Никола Костески со Талент Плзен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни