Поврзете се со нас

НБА

Кукоч без двоумење го избра најдобриот играч во НБА лигата во овој момент и го стави Леброн во втор план

Објавено

на

Тони Кукоч последно беше актуелен во јавноста со критиката која ја даде за првите две епизоди од улта популарниот документарец во чест на Мајкл Џордан и последната историска сезона на Чикаго Булс, но во денови кога социјалните мрежи служат како најдобар медиум за правење интервјуа, легендарниот Хрват направи еден свој избор и за актуелните случувања во НБА лигата.

Кукоч е еден од оние кои сметаат дека секоја ера си носи свои ѕвезди во кошарката и дека најдобро е да не се прават споредби за различни генерации, но кога беше запрашан за најдобриот играч во НБА лигата во овој момент, некогашната ѕвезда на „биковите“ без двоумење го избра Кевин Дурент.

Иако како главни претендентите за МВП признанието се издвојуваат Леброн Џејмс, Јанис Адетокумбо и Џејмс Харден, Кукоч смета дека број еден во НБА е повредениот Дурент кој изминатото лето го напушти Голден Стејт и замина во Бруклин.

– Кевин Дурент за мене е најдобриот играч во НБА лигата. Кевин со леснотија ја движи топката онаму кадешто сака. Тој е тип на играч кој ме потсетува на триаголникот во нападот кој го имаше Чикаго, – вели Кукоч на прашање кое му го постави НБА фан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни