Поврзете се со нас

Италија

Крај на етапата во Милан: Жиру го избрал новиот клуб и веќе постигнал договор за слободен трансфер

Објавено

на

Foto:twitter.com/acmilan

Оливие Жиру важи за фудбалски ветеран и полека ја привршува својата трета сезона во Милан, која повеќе од веројатно ќе биде и последна за него на „Сан Сиро“.

Напаѓачот е француски репрезентативец и на 37-годишна возраст и се уште прави голема разлика во шеснаесетникот, но Милан е подготвен да фати нов правец со помлади фудбалери и двете страни се согласни дека е време за ставање на крај на убавата соработка.

Жиру ја освои титулата во Серија А и беше многу важен дел од тимот на Пиоли во изминатите три години, по кои е решен да замине на атрактивно патување и да ја заврши кариерата во Америка.

Како што јавува угледниот „Атлетик“, а истовремено и уште неколку угледни италијански медиуми како „Газета“, Жиру веќе си договорил трансфер во МЛС лигата, или поточно во клубот за кој претходно играа Герет Бејл и Џорџо Кјелини.

Според информациите, Жиру постигнал преддоговор за 18-месечен договор со Лос Анџелес и истиот треба да се активира на 1-ви јули, денот кога Жиру и официјално станува слободен агент.

Жиру пристигна во Милан во 2021-ва година за само 3 милиони евра, а три години подоцна се покажува како супер аквизиција со своите 46 гола и 20 асистенции на 120 одиграни натпревари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни